Највкусните колачи понекогаш се и најлесни за правење. Така е и со оваа виткана баклава
Состојки:
- 500 гр. тенки кори
- 100 гр. мелени ореви
- 100 гр. мелени бисквити
- 3 лажици гриз
- 100 гр. суво грозје
- 1 лажица шеќер во прав
- 100 мл. млака вода
- 100 мл. масло
за сируп:
- 400 гр шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 1 лимон
- 1 сок од портокал
- 300 мл вода
Подготовка:
Измешајте ги сите суви состојки (ореви, бисквити, гриз, суво грозје, шеќер), а потоа додадете ги маслото и млаката вода. Првата кора со четка премачкајте ја со масло по целата површина, додадете ја втората и премачкајте ја, додадете ја третата и неа премачкајте ја, а потоа ставете околу 3 лажици од смесата на дното и завиткајте.
Се виткаат во ролни. Наредете ги во подмачкана тава. Така треба да се направи со сите останати кори. Потоа исечете со остар нож на ролни и премачкајте ги со масло. Печете на 200 степени околу 30 минути.
Во тенџере истурете го шеќерот, додадете ја водата, парчиња лимон и сок од еден портокал. Варете да се згусне малку, а потоа истурете ја преку печената баклава.
Оставете да отстои некое време, за да се впие шербетот. Уживајте!