Категории

Глуво момче посвоило глуво куче и го научило да го користи знаковниот јазик!

Сѐ поголем број на луѓе стануваат свесни за важноста од посвојување на кучињата од засолништата наместо да купуваат од продавници и одгледувачи. На овој начин, кучињата добиваат топол дом и безбедност, а сопствениците многу љубов и внимание.

Но, постарите кучиња и кучиња кои се болни или хендикепирани честопати се изоставени затоа што не се доволно прифатени. Не е голем бројот на луѓе кои се подготвени да ја преземат одговорноста да се грижат за нив, но оваа среќна приказна е сосема поразлична од тоа.

Ник Абот е 31-годишно момче од Мејн кое е родено глуво. Од неодамна неговиот дом се збогати за уште еден нов член, неговиот најдобар пријател Емерсон, кучето кое исто така е глуво.

Емерсон е мешавина од црн лабрадор, кој страда од одредена болест која вклучува и напади. Кога ја забележал објавата на социјалните мрежи Ник ги исконтактирал од засолништето со желба да го посвои. Веднаш им рекол дека и тој е глув и дека има чувство дека може да се поврзе со кученцето. За помалку од 24 часа, Ник и Емерсон биле заедно.

Откако се запознале, веднаш се поврзале. Мајката на Ник раскажува дека уште во првиот момент било јасно дека кучето припаѓа во нивниот дом. Ник, исто така, започнал да го учи Емерсон знаковен јазик започнувајќи со едноставни команди како да седи, да дојде до него и да легне.

Кучињата се најдобриот пријател на човекот и Ник е навистина среќен што го нашол својот. Уште посреќен е Емерсон поради фактот што пронајде човек што ќе го сака и ќе се грижи за него, како што требаше да биде од самиот почеток.