Категории

Поради овие 5 грешки ги пропуштаме „добрите можности“

Добрите мажи не исчезнаа, но понекогаш ни бегаат поради наши мали пропусти.

1. Сакате одреден тип на момче и не се откажувате од него

Нема ништо лошо во поставувањето на критериуми, сè додека не станете премногу пребирливи. Во одреден момент, треба да ги преиспитате вашите критериуми, да се запрашате што навистина ви е важно и дали навистина би го отфрлиле човекот што ви одговара во сè, освен на пр. по вкус за музика.

2. Одите од врска во врска

Срцето не прашува и тоа е причината зошто мозокот понекогаш треба да му даде совет. По раскинувањето, дајте си време да ја „преболите“ поранешната љубов. Можеби мислите дека сте подготвени за нова врска, но на сите, дури и на најмоќните жени, им треба време да пронајдат нова љубов по раскинувањето. Во моментот кога сте повредени и тажни, станувате мамка за мажите кои не се добри за вас.

3. Го чекате г-дин „Совршен“

Принцот на белиот коњ е само бајка. Понекогаш треба време за да сфатите дека совршенството не постои. Поради љубовта ќе научите да ги толерирате сите несовршености, а понекогаш и тие ќе започнат да ви се допаѓаат.

4. Одбивате да излегувате со друштвото

Животот често знае да изненадува со љубовни приказни, но шансите некој добар човек да чукне на вашата врата се многу мали. Поголема е веројатноста дека ќе го сретнете на друго место, затоа не одбивајте да излезете.

5. Не сакате да го направите првиот чекор

Старите романтични приказни нè научија дека мажот секогаш прв и пристапува на жената, но времињата се сменија. Зад навидум срамежлив маж кој не знае како да ви пристапи можеби се крие добар и квалитетен потенцијален партнер. Кога ќе ги отфрлите овие предрасуди, ќе создадете можност да запознаете некој, што во спротивно не би се случило.

Прегледи:
588
Објавено на:
24.08.2019