Категории

Четири јасни знаци дека партнерот не ве почитува

За врската правилно да функционира, потребно е двајцата партнери да го вложат својот максимум. Врската нема да опстане доколку едниот партнер даде се од себе, а другиот е скоро отсутен.

Емоционалната нерамнотежа е клучна фаза, па затоа е важно очите да ви бидат широко отворени и да ги забележите јасните знаци кои покажуваат дека вашиот партнер се грижи помалку од вас.

1. Вложувате многу повеќе напор

Секоја врска бара напор, но ако само едниот партнер е подготвен да направи напор, додека другиот е недостапен за компромис, тоа е јасен знак дека едниот од вас не се грижи доволно. Врската бара заеднички напор во многу емотивни сегменти и ако се чувствувате осамени во сè, тоа значи дека вашиот партнер е емотивно растроен.

2. Вие не сте негов приоритет

Чувствувате дека сè е поважно од вас. Од работа, семејство и пријатели, па сè до мали работи како фудбалска игра, се освен вас му го задржува вниманието. Кога не сте приоритет на вашиот партнер и додека упорно се борите за негово внимание, јасно е дека тој ќе се грижи се помалку а не заслужувате таков однос.

3. Само вие сте подготвени за откажување

Тој е ваш приоритет и вие сте подготвени да ги прилагодите сите свои идеи, планови и желби кон него и неговите желби, а од друга страна, тој не е подготвен да го стори истото за вас. Тој не се откажува од ништо, но очекува да се прилагодите на него.

 

4. Немате очекувања од вашиот партнер

Постојано живеете во страв дека тој нема да ви ја возврати љубовта и да ги исполни вашите очекувања, затоа избирате линија на помал отпор и очекувањата сведете ги на минимум. Тоа е знак дека вие избирате да издржите и по секоја цена да останете во врска која не е со висок квалитет и дека емоционално ве исцрпува.

Ако сите овие знаци секојдневно се присутни во вашата врска и пред сè, се сигнал за недостаток на почит што вашиот партнер го има кон вас, а бидејќи почитувањето е клучот за секоја сериозна врска, важно е внимателно да размислите дали вреди да останете во врска што не само не се заснова на меѓусебна љубов, туку и на недостаток на почит.

Прегледи:
571
Објавено на:
28.08.2019