Популарниот Таско со уште еден хит за ова лето, а „GRAN TURISMO“ веќе има илјадници прегледи на youtube.
Музичарот кој изврши големо влијание и внесе свежина на македонската музичка сцена, миленикот и идол на младата генерација Хистијан Тасковски – Таско го создаде текстот и музиката за новата песна, додека аранжманот миксот и мастерингот се на веќе докажаниот композитор Иван Јованов – Ивајо. Песната е во афротрап стил, доста популарен на светската сцена.
Спотот е сниман на Скај Сити, во автоперална и низ булеварите во населбата Аеродром. Во него земаа учество дечките од “Extreme Power City” со нивните спортски автомобили. Видеото кое е комплетно дело на режисерот Гордан Божиновски – Godeye Production, мора да признаеме дека изгледа светски.
Доказ за тоа е фактот што големите балкански звезди како Стефан Раста, Јала Брат, Корона итн..веќе го споделиле видео спотот по социјалните медиуми, што исто така е доволен доказ дека освен армијата на фанови и колеги од кај нас, Таско ја ужива поддршката и од неговите колеги од балканот.
[youtube url=”https://youtu.be/avW7pLmDAxY” width=”500″ height=”300″]