Сите љубители на чоколадо ќе го обожаваат овој десерт.
Состојки:
- 6 лажици путер
- 220 грама чоколадо
- 6 јајца (одделете ги жолчките од белките)
- половина чаша шеќер во прав за посипување
- шлаг павлака за сервирање по желба
Подготовка:
- Стопете го путерот и чоколадата, а потоа додадете ги одделените жолчки од јајцата.
- Белките изматете ги и додадете им шеќер.
- Во шлагот од белки полека додајте ја смесата од чоколадото, путерот и жолчките.
- Убаво измешајте ја смесата и истурете ја во подмачкан калап.
- Печете во предходно загреана рерна на 1400С околу 45 до 50 минути.
- Посипете со шеќер во прав и сервирајте со шлаг. Добар апетит!🖤