Актерот Кит Харингтон неодамна потврди дека ќе му се придружи на екипата на новиот филм од Marvel универзумот, – The Eternals.
Харингтон кој ја играше главната улога во феноменот „Игра на Тронови“ сега ќе стане дел од популарната Дизниева франшиза приклучувајќи му се на неговиот колега Ричард Маден познат по улогата на кралот Роб во мегапопуларната серија.
Фановите се пресреќни и не престануваат да ја споделуваат својата радост на социјалните мрежи нестрпливо очекувајќи го повторното собирање на актерите на екраните после 9 години.
Во новиот филм The Eternals кој се очекува да ја има својата премиера на 6 Ноември 2020, исто така ќе учествуваат Анџелина Џоли, Гема Чан и Салма Хаек.