Рим почна со реализација на еден нов проект. Градските власти инсталираа три автомати за собирање пластични шишиња. Како награда, жителите на Рим за едно шише добиваат по 5 центи. Овие пари можат да ги потрошат за јавен превоз.
Реакциите на граѓаните се позитивни како што се очекуваше. Покрај тоа што можат да заштедат пари, ова е одличен начин градот да се справи со ѓубрето предизвикано од пластичните шишиња.