Категории

Зошто не треба да ги перете во машина алиштата на кои пишува „само рачно перење“

Сигурни сме дека ретко кој од нас ги почитува инструкциите напишани на етикетите на алиштата. Доколку пишува дека тие се исклучиво за рачно перење, најчесто ги периме на најлесната програма за алишта од нежни материјали, затоа што не секој има време да одвојува за посебно перење на различен тип на алишта, но колку е тоа навистина паметно?

Една позната текстилна компанија се огласи по повод ова прашање и откри дека со рачно перење на алиштата од одредени ткаенини се помага во зачувување на нивниот квалитет. Како добар познавач на текстилната индустрија со која се занимава долги години, тој сподели дека некои материјали поминуваат низ разновидни процеси за да изгледаат онакако како што ние ги добиваме во продукт на облека. Некои од нив поминуваат низ долги процеси на боење, па машинското перење на тој вид ткаенина не е воопшто препорачливо затоа што може да доведе до избледување на бојата – вели тој.

И покрај тоа што одлучувате да ги перете на најлесната програма, рачното перење е сто пати понежно отколку машинското перење, па така најдобро ќе го зачувате нивниот квалитет. Тоа е најбезбеден начин. Тој нагласи дека кашмирот, свилата, чипката треба секогаш да се перат рачно. Додека оние алишта на кои на етикетата пишува “dry clean” значи дека е безбедно да се перат во домашни услови во машина за алишта.

Прегледи:
577
Објавено на:
03.09.2019