Категории

7 причини зошто треба да пробате млеко од камила

Тоа всушност е најблизу до човечкото мајчино млеко и има неверојатно високо ниво на хранливи материи и биоактивни компоненти.

Млекото од камилa се претпоставува дека е последниот тренд во исхраната. Ние ви даваме 7 причини зошто треба да пробате млеко од камила.

  1. Има бројни здравствени придобивки

    Се смета дека традиционално млеко од камила има лековити својства кои имаат потенцијални здравствени придобивки. Тоа всушност е најблизу до човечкото мајчино млеко и има неверојатно високо ниво на хранливи материи и биоактивни компоненти. Самото млеко содржи и мали количини на холестерол и лактоза – млечен шеќер – со супериорна содржина на здрави маснотии. Некои од хранливите материи содржат големи количини на витамин Б, калиум, магнезиум, бакар, натриум, цинк, плус содржи далеку поголем процент на протеини од другите извори на пазарот. Исто така, го зголемува бројот на специфични, добри бактерии во цревата, што го прави идеална опција за оние што имаат проблеми со варењето.

  2. Истражувањата покажуваат дека позитивно влијае на децата со аутизам

    Потребни се повеќе наоди за оваа изјава, но некои медицински истражувања покажуваат дека млекото од камила има позитивно влијание врз децата со аутизам за да им помогне да ги подобрат техниките на однесување, вклучувајќи контакт со очите, комуникација, емоционално изразување и самоорганизирање.

  3. Оние кои страдаат од нетолеранција на лактоза, можат да го пијат

    Секој може да пие млеко од камила – дури и новороденчиња. Исто така, се покажа дека е погодно за луѓе кои не толерираат лактоза. Главната причина зошто е добар избор е затоа што не содржи бета-лактогобин, протеин кој се наоѓа во кравјото млеко што предизвикува алергиски реакции. Најновите истражувања покажаа дека помалку алергени во опаѓачки редослед се застапени во човечкото, млекото од камилите, овците и козите.

  4. Можете да го најдете и како голем број производи, не само како млеко

    Млекото од камила може да се најде во форма на свежо млеко, ароматизирано млеко, одредени сирења, сладолед, јогурт и млеко во прав, па можностите се обилни. Ако не сте сигурни, обидете се со каша од млеко од камила, кафе и житарки.

  5. Има подолг рок на траење

    Покрај тоа што е помрсно од другите видови млеко на пазарот, млекото од камила има и подолг рок на траење. И растителната и млечната индустрија имаат големо влијание врз животната средина ширум светот. Некои од недостатоците на конзумирање на растително млеко се потенцијални генетски модификации на растенијата, голема потрошувачка на вода. Млекото од камила е подобра опција затоа што камилите не се преживари како кравите, така што произведуваат значително помалку метан во споредба со нив.
    6. Вкусот не се разликува

    Повеќето луѓе кои пробале млеко од камила велат дека тоа има вкус исто како кравјото млеко. Ако некогаш решите да го пробате, очекувајте да биде малку солено, но исто толку освежувачко и силно.
    7. Млекото од камила има антивирусни својства

    Покрај многуте здравствени придобивки, многу истражувачи веруваат дека компонентите од млеко од камила имаат антибактериски својства. Некои научници веруваат дека млекото од камила има и антиинфламаторно дејство, го смирува воспалението предизвикано од дисфункција на имунолошкиот систем.

Прегледи:
1261
Објавено на:
07.09.2019