Денес ви подготвивме едноставен рецепт за домашен пудинг со кој ќе го израдувате вашето семејство. Се подготвува многу брзо, и доколку сте обожавател на необични вкусови, ќе ја обожавате комбинацијата на круша и ѓумбир.
Состојки:
- 2 круши
- 50гр путер
- 50гр брашно
- 50гр шеќер
- Јајце
- Лажичка ѓумбир
- Лажичка рендана кора од портокал
- 2 лажици сируп од ѓумбир
Подготовка:
Исечете ја хартијата за печење и ставете ја во тавите за пудинг, претходно премачкани со путер. Притиснете ја хартијата долж дното на тавите за убаво да се вклопи со секој раб.
Излупете ги крушите и исецкајте ги на мали парчиња.
Во сад измешајте ги заедно шеќерот, брашното, јајцата и путерот додека не се формира тесто. Потоа додадете ја кората од ѓумбир и портокал и измешајте со раката.
Истурете лажичка сируп од ѓумбир во тавите за пудинг, додадете ги крушите и истурете го тестото. Ставете ги тавите во микробранова печка и печете ги околу 4 минути, на највисока температура.
Кога пудингот малку ќе излади, можете да го декорирате со шеќер во прав и парчиња круша.
Добар апетит!❤