Категории

Доколку вашиот поранешен партнер ги прави овие нешта – сигурно ве сака назад!

Откријте ги скриените знаци кои зборуваат дека сѐ уште не ве преболел

Раскинувањата се вистински емотивен вртклог и никогаш не поминуваат лесно, иако во нив никој не е рамнодушен. Иако голем број раскинувања се конечни, понекогаш едната страна верува дека постои можност за смирување. Ако вашиот поранешен партнер ги прави овие работи, тогаш мораме да ви кажеме дека сеуште не ве преболел!

Ви го честита роденденот
Само што часовникот чукна на полноќ, стигнува првата порака и тоа баш од вашиот поранешен партнер. Не се работи само за кратка и едноставна порака, туку за вистинска искрена и срдечна честитка од која и вашата најдобра пријателка би се засрамила.

Ве повикува на забави кои ги приредува
Ова е вистинскиот знак дека сеуште сака да ви привлече внимание. Исходот може да биде различен. Може да се обиде повторно да ве освои и да се обиде да ве направи љубоморна со нова девојка.

Сака да ви докаже дека се променил
Од време на време ви се јавува да ви објасни дека сега е потполно нов, зрел човек. Тврди дека сега разбира што точно ви сметало кај него и дека сега тоа го променил.

Се распрашува за вас
Вашите заеднички пријатели сигурно ви споменале како се распрашува за вас, за вашиот живот и што се случува во него моментално. Покрај тоа, им напоменува да не кажуваат дека зборува за вас.

Објавува статуси со скриени пораки
Љубовни цитати, патетични фотографии и емотивни песни се првото нешто што го гледате на неговиот профил. Иако тој можеби не сфаќа колку е очигледен, вам ќе ви е одма јасно штом забележите што објавил на друштвените мрежи каде сеуште ви е пријател.

 

Прегледи:
467
Објавено на:
27.09.2019