Студијата покажува дела оние личности кои сакаат да ја прикажат својата својата врска во најдобро можно светло на социјалните мрежи, всушност се несигурни во неа
Паровите обожаваат да ги преплавуваат социјалните мрежи со заеднички фотографии од секој миг во нивниот живот. Како шетаат во шума, како јадат сладолед, како летаат со подобран, се чини дека не постои нити една слика каде не се фотографирани заедно и тоа во ептен банални ситуации. Истражувањата покажуваат дека оние парови кои сакаат својата врска да ја експонираат на друштвените мрежи во што подобро светло, всушност се несигурни во своите партнери.
Испитаниците од истражувањето биле натерани да ги бележат своите чувства во текот на нивната врска како и нивните активности на социјалните мрежи, вклучувајќи го и објавувањето на фотографии, статуси и коментари. Резултатите открија дека во деновите кога се чувствувале несигурно, објавувале многу повеќе фотографии и содржини поврзани со нивната врска отколку претходно. Друго истражување покажало дека личностите кои постојатно објавуваат нешто во врска со својот емотивец статус и партнер, имаат лоша самодоверба.