Категории

Со помош на овие вештини, прочитајте цела книга во еден ден

На сите ни се случува да немаме доволно време, а сакаме да ја дочитаме книгата и да ја запаметиме.

Можеби е лектира која треба да ја прочитаме до утре, книга за испит или некоја доста интересна книга која би ја прочитале со задоволство но немаме време. Потполно е обесхрабрувачко кога нервозно ги листате страниците една по друга и се борите за да остане во вашата глава се што се прочитале а мислите ви лутаат и никако не можете да ги стигнете.

Постои начин како да ја прочитате цела книга во еден ден, и нејзината содржина да ви остане во главата. Фрлете поглет на овие совети, така полесно ќе ги апсорбирате овие информации.

1. Бидете активен читател
Поголеми се шансите да се сеќавате на информациите ако напишете попис на прашањата пред да почнете да читате. Така успат ќе можете да одговарате на истите прашања додека ги наоѓате одговорите. Кога ќе ја завршите книгата, прашањата и одговорите ќе ви бидат при рака.

2. Престанете со читање на некое време
Можеби знаете но можеби и не, кога ќе се усредоточите на една задача подолго време, ќе почувствувате нешто што можеме да го наречеме осиромашена ментална енергија и волја. Затоа, дозволете си одмор на себеси, иначе вашата мотивација ќе се намали, аверојатноста дека ќе ја завршите книгата во еден ден ќе ослабне. Обидете се да работите неколку различни нешта кои ги сакате, а мотивацијата да остане за подоцна.
Наместете го алармот да заѕвони за 20 минути, почнете да читате, па кога ќе ви снема доволно енергија правете нешто друго на 10 минути и повторно вратете се на читањето.

3. Водете белешки за присетување
Многу е важно да бидете активни и за време на паузата и за време на читањето, затоа што така ќе останете фокусирани на содржината. Ако не сакате да пишувате белешки, тогаш ставајте стикери кои ви се допаѓаат на страниците и ставајте убави шарени хартивчиња кои ќе изгледаат забавно. Така подоцна полесно ќе се присетите на нештото кога во главата ќе ви заиграат боите на хартиите на кои е напишано.

4.Пронајдете совршено место за читање
Ако сакате да ја завршите книгата во еден ден, треба да пронајдете место кое ќе ве сконцентрира само на читањето. Сигурно постои некоја просторија во вашиот дом во која никој нема да ви смета, или вашата спална соба каде ќе можете да запалите свеќи и просторот да го направите пријател и комфорен.
Оставете ги лаптопот и телефонот некаде на друго место за да не посегнувате по нив постојано и да биде сконцентрирани на читањето.

Прегледи:
521
Објавено на:
04.10.2019