Категории

Внуката на Чарли Чаплин ќе објави документарен филм за него

Приказна за легендарниот актер.

Внуката на Чарли Чаплин, Кармен, работи на документарен филм за нејзиниот славен дедо. Филмот ќе се вика “Charlie Chaplin, a Man of the World” и ќе се зборува за етничките корени на актерот, режисерот и мајсторот на немото кино.

Снимањето ќе започне во 2020 година, при што на филмот ќе работи францускиот актер Стени Копе, другата внука на Чаплин, Долорес, Канаки Филмс, Атлантик Слики и организацијата Бран на човештвото.

Кармен Чаплин го пишува сценариото со Амаи Рамирез, која работела на анимираниот филм “Уште еден ден живот“. Планирано е да се комбинираат сцени од филмовите на Чарли Чаплин, интервјуа со неговите деца и колеги, како и анимирани фрагменти. Датумот на објавување на филмот сè уште не е познат.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
444
Објавено на:
04.10.2019