Категории

Совршен љубовник – дали сте еден од нив?

Мажи сега можете да проверите дали спаѓате во групата на совршени љубовници какви секоја жена посакува, а вие жените можете да откриете дали вашиот сакан е еден од нив.
Прочитајте!

Не осудува карактер
Фантазиите и желбите се индивидуална работа и никогаш никој не треба да ги осудува, но и вие него, ако некој ви ги доверил своите најинтимни желби и детали тие треба да ги чувате за вас. Тоа едно од главните правила на совршените љубовници.

Иновативност
Односот не подразбира само страст туку и креативност, иновативност, расположеност за испробување на нови нешта.

Несебичност
Желбите на партнерот не треба секогаш да ги ставате пред вашите, но треба да се фокусирате и на нивното задоволство од време на време и за вас тоа би можело да биде посебно искуство. Таквите потези нема да бидат никогаш заборавени.

Самодоверба
Личноста што е свесна што и одговара, ќе биде многу подобар љубовник од останатите. Нема потреба да го криете она што ве возбудува а самодовербата е клучот на совршените љубовници.

Духовитост
Оној кој умее да извлече духовита страна од секоја ситуација е вистински пример за тоа. Никогаш нема да ги заборавите комичните интимни мигови и смешни сцени. Совршените љубовници се секогаш отворени и забавни.

Прегледи:
483
Објавено на:
11.10.2019