Категории

Подочниците не ги предизвикува само несоницата: еве која состојба во организмот предизвикува појава на темни подочници

Зошто настануваат подочниците – недостаток на сон не е единствената причина!

Дали ви се појавуваат темни подочници и откако добро сте се наспале? Дали кремите за местото околу очите не ги даваат очекуваните резултати? Темните, отечени подочници не се само знак на недостаток на сон, многу често се знак кој организамот ни го испраќа да ни укаже дека се соочува со некаков проблем или нерамнотежа.

Причините можат да бидат различни, а најчесто е задржувањето вода во организмот или замор на надбубрежната жлезда. Задржувањето вода во организмот може да придонесе за формирање на оток под очите, бидејќи крвните садови се прошируваат и отекуваат.

Преголемото внесување на сол во организамот може да биде една од причините за задржување на течности. Затоа намалете го внесот на преработена храна богата со сол и јадете повеќе свежа и цела храна и пијте многу вода за го исфрлите вишокот сол.

Може да помогне и чајот од магдонос кој делува како природен диуретик,. Сомелете малку магдонос заедно со коренот и полијте го со 500 мл врела вода. Чајот треба да се одстои покриен најмалку шест часа, а потоа се процедува и е спремен за пиење. Препорачливо е да се пие три дена, а потоа да се паузира три дена.

Долготрајната исцрпеност, стресот, вознемиреноста, главоболката, нетолеранцијата на храна и темните подочници се само некои од симптомите на замор на надбубрежните жлезди. Со други зборови, вашето тело ви кажува да забавите. Спиењето и одморот се клучни, а за побрзо закрепнување можете да користите природни лекови – екстракт од лисја од црна рибизла (Ribes nigrum) или сибирска роза (Rhodiola rosea).

Црната рибизла го зајакнува имунолошкиот систем, ја прочистува крвта, ја стимулира функцијата на бубрезите, го регулира метаболизмот, врши детоксикација и го подобрува расположението. Сибирската роза исто така го подобрува имунитетот и ги намалува негативните ефекти на стресот, физичкиот и менталниот напор.

Прегледи:
1146
Објавено на:
12.10.2019