Пред неколку недели, Ники Минаж изјави дека заминува во пензија! Таа доби остри критики од фановите кои беа видно изненадени и разочарани, бидејќи музичката сцена нема да биде иста без контроверзната раперка.
Навикнати сме на нејзините мали скандали, одличните хитови и нејзината убавина што се издвојуваа во морето на убави жени на сцената.
Изјавата дека таа ја напушта музичката сцена растажи милиони фанови ширум светот, но по се изгледа дека раперката сега се предомисли. Се шпекулира дали Ники ја најави паузата во кариерата само заради медиумската помпа, конкуренцијата или започнување семејство, но вистината е дека таа сега тврди поинаку. Како може таа да исчезне сега од сцената кога нејзиниот албум со нетрпение го очекуваат да излезе, а беше најавен уште во февруари!
Ники им сподели на своите фанови дека ги очекува големо изненадување! Поточно, таа планира да ја објави својата колекција наречена „Fendi Prints On“. Со продажба започнува на 14-ти октомври.
Изгледа дека Ники се враќа на голема врата! Фановите се презадоволни, затоа што заминувањето ќе беше голема грешка, ако можеме така да кажеме. Медиумскиот трик запали, а Ники јавно им се извини на сите фанови кои се натажија и им го објави својот следен проект.