Јапонската ученичка која предала празен есеј на часот по историја добила петка, откако професорот открил дека пишувала со невидлива тинта.
Еими Хага се послужила со техниката „абуридаши“ која ја користеле нинџите, тапкајќи и ронејќи со часови зрна соја за да направи тинта.
Буквите се појавиле откако професорот го загреал листот хартија над пламенот.
„Го научив тоа како мала читајќи од книга“, рекла Хага за ББС. „Се надевав дека нема никој друг освен мене да се сети на тоа“, додала.
Хага почнала да се интересира за нинџите уште како дете гледајќи цртани филмови.