Категории

Најубавите солени топчиња: Направете бомбици од сирење и маслинки

Совршено предјадење – еве како да направите бомбици од сирење и маслинки!

Состојки:

  • 160 гр рендано тврдо сирење
  • 160 гр меко брашно
  • 113 гр путер
  • 36-40 парчиња полнети зелени маслинки, добро исцедени

 

Подготовка:

Измешајте ги заедно ситното рендано сирење, брашното и омекнатиот путер и замесете цврсто тесто.

Исечете го тестото на еднакви парчиња, формирајте мали топчиња во кои ќе вметнете зелени маслинки.

Наредете ги во тава предходно обложена со хартија за печење. Од оваа количина се добиваат 36-38 бомбици.

Загрејте ја рерната на 2000С и печете околу 15-20 минути. Добар апетит!

Прегледи:
639
Објавено на:
18.10.2019