Научниците ја пронајдоа врската помеѓу нездравата храна и лошиот сон
Луѓето кои имаат лош сон консумираат повеќе нездрава храна и слатки, велат научниците.
Поточно, беше спроведена студија во која учествуваа 29 жени и мажи на возраст помеѓу 18 и 40 години, поделени во две групи.
Една група спиеше нормално во вечерните часови, а потоа четири недели подоцна спиеше само четири часа. Другите субјекти имале обратен биоритам, па најпрво спиеле многу малку, а потоа спиеле нормално, според The Sun.
Ден после тестовите, им биле понудени целосни оброци за појадок, ручек и вечера, но во исто време и слатки.
Резултатите покажале дека луѓето кои не спиеле добро избрале храна со поголема енергија, како крофни, чоколадо, бисквити и чипс.
„Кога спиењето е скратено, одредени делови од мозокот не добиваат доволно информации. Телото тогаш сака да го надомести тоа со избор на храна со повеќе енергија“, рече професорот и автор на студијата, Торстен Кант.