Понекогаш се чини дека нас возрасните повеќе ништо не може да не изненади. И потоа, слушаш нешто како: Нилскиот коњ има млеко во розова боја и мислиш: нема шанси, веројатно тоа не е вистина? Розово? Како милкшејк од јагоди?
Ова се некои интересни факти кои иако звучат како лага, всушност се вистинити:
- Франкенштајн не е името на чудовиштето, туку на научникот кој го создал.
- Медузата Turritopsis Nutricula е единственото досега познато бесмртно суштество на земјата.
- Срцето на синиот кит е толку големо што човек може лесно да плива преку неговите артерии. Но, затоа, неговото грло не е поголемо од тацна за шолја.
- За секој човек има по 1.6 милиони мравки. Вкупната тежина на сите овие мравки отприлика е иста, како и тежината на сите луѓе на земјата.
- Октоподот има три срца.
- Морската раја има 27.000 хеморецептори (сетила за вкус). Тоа е 4 пати повеќе отколку кај луѓето.
- На Сатурн и Јупитер паѓа дијамантски дожд.
- Вака би изгледал Јупитер од Земјата, ако би се наоѓал на иста оддалеченост како и Месечината.
- Во нашиот организам има 10 пати повеќе бактерии отколку клетки.
- Веројатноста чашата вода од која пиете да содржи молекули на вода, која некогаш била во телото на диносаурусите е речиси 100%.
- Вака изгледа песокот под микроскоп.
- Убавиот округлест аквариум е лоша куќичка за златната рипка.
- Читањето при слабо осветлување или од екранот на мониторот не влијае врз влошувањето на видот.
- Оксфордскиот универзитет постои подолго од царството на Астеките.
- На Кипар името на Дедо Мраз е Василије.