Категории

4 здравствени придобивки од турското кафе: Еве зошто треба да го пиете омилен пијалок без никакви додатоци!

Ако го пиете омилениот пијалок без никакви додатоци, вашето тело е ви е повеќе од благодарно

Кафето е неопходен утрински пијалок за многу луѓе, а без оглед како го консумирате, тој има многу придобивки за нашето тело.

Откријте за што точно станува збор.

 

Малку калории

Додавање на млеко, павлака или шеќер во кафето може да биде примамливо, но сите овие додатоци содржат калории.

Ако приготвите филџан обично црно кафе тој содржи само 5 калории и 0 грама шеќер.

 

Побрз метаболизам

Кофеинот е природен додаток за согорување на маснотиите, но со додавање млеко и шеќер во вашиот омилен пијалок, ефектот се поништува.

Исто така, истражувањата покажуваат дека црното кафе може да го забрза вашиот метаболизам за 3-11 проценти.

Кафето е диуретик

Ако почесто одите во тоалет по консумирање кафе, мора да знаете дека тоа е сосема нормално. Поточно, кафето е диуретик кој го чисти организмот од штетни токсини.

 

Помал ризик од некои видови рак

Лабораториските истражувања покажаа како фитохемикалиите во зрната кафе можат да помогнат во контролата на растот на клетките, а со тоа го намалуваат развојот на клетките на ракот. Ова е особено се однесува за рак на црниот дроб.

Прегледи:
1743
Објавено на:
24.10.2019