Категории

Најмрачните тајни на Џеки Кенеди – со голема грациозност таа преживувала пекол

Првата дама на Америка поминувала низ пекол но никој не знаел за тоа

Откако стана прва дама на Америка, започна нејзината голгота. За жал, низата на трагедии не престана ни оној миг кога на нејзините раце го убија нејзиниот маж

Таа е веројатно најпрочуената прва дама во историјата на Америка, и светот. За нејзиното потекло, брак а и живот после смртта на најобожаваниот американски претседател, се шушка и се нагодуваа секакви нешта. Џеки Кенеди никогаш не престана да биде извор на вести и трачеви за медиумите, дури и по нејзината смрт, денес после поминати три децении.

1.Пред Џон Ф. Кенеди, Џеки била верена за друг маж кој го познавала само неколку месеци но се разделиле поради чудни причини.

2.Нејзиното потекло било лажирано. Џеки била французинка додека нејзините предци всушност биле селани од Ирска кои се доселиле во Америка.

3.Кога Џон Ф.Кенеди ја запроси, таа одличила прво добро да размисли. Отпатувала низ Европа и се вратила после 30 дена кога одлучила да ја прифати понудата.

4.Не ја сакала својата венчаница. Иако била последниот моден ризик, Џеки открила дека таа ги нагласила нејизните мали гради и направила таа да изгледа страшно.

5.Таа не ја сакала ни својата венчавка. Замислувала интимна церемонија во кругот на семејството, но на крајот била организирана голема свеченост отворена за јавноста и медиумите.

6.Изгубила 3 деца. Пред да се роди ќерката Каролин, Џеки имала спонтан абортус а потоа родила мртво дете. Го изгубила и синот Патрик кој умрел два дена после раѓањето.

7.Добила милион долари за да ги отфрли документите за развод. Џеки патела за своето изгубено дете, за неверството на нејзиниот маж и љубовта која полека избледувала. Таткото на нејзиниот сопруг и платил милион долари со цел таа да се откаже од разводот со неговиот син, затоа што сметал дека разводот би му наштетил на имиџот на Џон.

8.Таа имала свои пороци. Не можела да се воздржи од газирани пијалаци, слатки и сирење.

9.Третиот спрат од Белата куќа го претворила во училиште каде учеле нејзините деца и ги ангажирала најдобрите учители.

10.Таа добила и Еми награда. За време на нејзиното „владеење“ ја оновила Белата куќа и повикала ТВ екипа да ги проследи нејзините промени. За оваа епизода е документирана сериска програма кога доби Еми награда.

11.После убиството на нејзиниот маж таа од себе не го соблекла розовото одело кое било прекриено со крв. Таа сакала да му покаже на светот што му направиле на Џон.

12.Била уредничка на автобиографијата на Мајкл Џексон. Според желбата на пеачот таа напишала три воведни параграфи за биографијата.

13.Била на терапии со електрошокови. Џеки патела од депресија а најголем напад доживеала во 1975 година, кога нејзиниот втор маж – Аристотел Оазис се вратил дома со љубовница. Џеки побегнала од дома а тој повикал брза помош, таа била одведена на психијатрија каде една недела ја лечеле со електрошокови.