Категории

Токсични мисли кои ве спречуваат да ја пронајдете вистинската љубов

Еве кои мисли ја блокираат вашата среќа во пронаоѓањето на вистинската љубов

Дали знаете дека постојат токсични мисли кои го блокираат вашиот пат до среќната љубов? Ако сте долго време осамени и сонувате за вистинска љубов, време е да ги ресетирате своите мисли и енергија.
Еве кои мисли се погрешни и морате веднаш да ги заборавите

1.„Сите кои беа добри за мене сега се зафатени“
Оваа мисла изгледа како да сакате да ја пронајдете вината за својот љубовен неуспех во другите. Ваквите мисли покажуваат дека веќе сте се откажале од барањето на љубовта и таквите мисли влијаваат врз вашиот живот и секојдневие и само ви ја блокираат шансата за нова љубов.

2.„Мажите се плашат од мене“
Жените со развиено его често имаат одбивен став спрема потенцијалните партнери. Но, тоа се случува само поради стравот да не бидат повредени. Покажете сигнали на љубезност и пружете им шанса да ве запознаат.

3.„Рани од минатото“
Неубавите љубовни искуства не треба да бидат кочница, туку отскочна даска. Сега сте побогати за уште едно искуство кое ќе ви помогне како подобро да ги препознаете погрешните избори и да направите вистински избор овој пат. Не дозволувајте минатото да ве влече назад од новите шанси.

4.„Сакам да сум центарот на вниманието на мојот партнер“
Колку и да звучи како некоја романтична приказна, оваа мисла е погрешна. Не очекувајте партнерот да нема друго ништо во животот освен вас. Вие не сте негов одраз во огледало, туку животен сопатник. Тој е посебна личност од вас и ќе има сопствени желби, цели и стремежи. Добро е заедно да ги остварите но очекувањето тој да се откаже од се во животот само за вас е себично и болно.

5.„Важна е само страста“
Погрешно! Интимните односи се битни но не и клучни за една врска, ако имате ваква перцепција љубовта вечно ќе бега од вас.

Прегледи:
417
Објавено на:
01.11.2019