Senidah, Jala Brat и Buba Coreli, Coby, Krisko и Begeton Band и Слаткаристика на 20 декември во А1 Арена Борис Трајковски во Скопје ќе бидат дел од убедливо најголемата балканска предновогодишна журка. Најбараните балкански артисти во моментов, токму во Скопје на едно место ќе ја спојат енергијата со која последниве неколку години, буквално рушат рекорди на слушаност. На сцената во арената Борис Трајковски ќе го видиме Балканот на едно место. Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Бугарија и Словенија се републиките од каде што доаѓаат овие артисти.
Senidah за која медиумите во регионот пишуваат дека е „вистински музички феномен“ во Скопје доаѓа вторпат. Првиот пат имаше настап во скопскиот клуб Централ Парк, но овојпат доаѓа со свој фестивалски настап. Покрај неа, тука е и Coby во моментов еден од најбараните изведувачи во Србија. „Мишиќи“, „Бело“, „Црно срце“, „Четири стране света”, „Мами“, „Ѕвер“ се само еден дел од песните со милионски прегледи на YouTube кои што ќе имате можност да ги слушнете во живо во Борис Трајковски.
Од друга страна, Јала Брат и Буба Корели, на извесен начин веќе се одомаќинија кај македонската публика. Ова не е нивен прв настап во Скопје што не значи дека нема да има изненадувања за публиката. Овие двајца убедливо најбарани хитмејкери во моментов, доаѓаат со сосема нова енергија. „Она је“, „Камиказа“, „Клинка“, се само дел од рефрените што македонската публика ќе ги пее во еден глас со Јала Брат и Буба Корели.
Од соседна Бугарија пак, ни доаѓа Криско и неговиот Бегетон Бенд. Со македонскиот колега Слаткаристика, со кој што досега неколкупати делеа сцени, на сцената на Балкански Фестивал на 20 декември, дефинитивно ќе остават свој печат.
Со вакви имиња, на една сцена во една вечер, несомнено Балкански Фестивал е журка која не смее да се пропушти затоа што сигурно нема да има реприза.
„Со тешки маки успеавме да ги организираме сите шесторица артисти во една вечер да бидат во Скопје затоа што се најбараните изведувачи во моментов не само во регионот туку и пошироко. Секојдневните настапи низ клубовите и дискотеките во регионот и пошироко во Европа, беа навистина тешка пречка за надминување. Но на крај, успеавме и на наше огромно задоволство го најавуваме Балкански Фестивал, настан кој што на спектакуларен начин ќе ја затвори концертната сезона во Скопје за 2019 година“ – велат од Балканска Продукција, продукцијата која што стои зад организацијата на овој фестивал.
На ваква богата музичка програма, организаторите најавуваат и дополнителни гости, изненадување за публиката што на 20 декември, ќе биде во А1 Арена Борис Трајковски.
Влезниците се веќе пуштени во продажба, низ продажната мрежа на купи карти за се по цени од: 800, 900, 1000 и 1200 денари. Овие цени важат до 01.12.2019 година. Број за резервации: 074 203 203.