Категории

Да имаш сестра значи во животот никогаш да не бидеш сам

Сестрата е благослов, некој со кој ги делите сите моменти од вашето детство, вашиот „partner in crime“, вашиот најдобар другар и тоа за цел живот!

1. Имате многу заеднички интерни шеги и никој друг не може да ве насмее така како што умее вашата сестра.

2. Таа секогаш ќе ви ги даде најдобрите комплименти.

3. Пораснавте слушајќи иста музика. Затоа се уште знаете да ги запеете песните кои некогаш заедно ги пеевте пред огледалото.

4. И да ве навреди, тоа нема да ве повреди. Знаете дека не го мисли тоа што го кажува.

5. Секогаш знае што следно ќе кажете, како да ви ги чита мислите.

6. Кога и да и се жалите за некој проблем, ќе ве ислуша и до најситните детали, бидејќи таа навистина се грижи и сака да помогне.

7. Нејзината облека е и ваша облека и обратно.

8. Секогаш е тука за вас кога имате лош ден.

9. Таа ги знае вашите најдлабоки, најтемни тајни. Оние кои никој друг не ги знае.

10. Секогаш ќе биде на ваша страна, дури и да не сте во право.

Прегледи:
1261
Објавено на:
18.11.2019