Категории

Цитати на Балашевиќ кои допираат до срцето: Тешко е кога некој ТВОЈ ќе престане да те сака

Ѓорѓе Балашевиќ е таков уметнички феномен, што за него е сувишно да се изнесат било какви биографски факти. Имало предлози да се вметне и во учебниците, а кога ќе ги послушате неговите песни, знаете и зошто. Ова се некои од шармантните зборови на овој кантавтор.

„И долго стоев под нејзиниот прозор барајќи, како, нешто по џебовите. А сепак, ни на момент не ја слушнав какко дише во сон, пиле мое. Како дише…“

„И тогаш сфатив оденадеж, дека те сакам како некогаш. Времето само го разгорува пламенот…“

„Понекогаш те нема, и сосема сам измислувам начин да го поминам денот.“

„А, тогаш одеднаш, распоредот на младежите на нејзиниот грб како тајна мапа ми покажаа во која ѕвезда треба да се загледам и така…“

„Никогаш не зборуваат за неа, а јас не се распрашувам…“

Ѝ пратив дожд. Немојте да се лутите вие кои сте близу до неа, па накиснавте. Таа навистина го сака дождот. А јас сакам кога е среќна…“

„Кукло, ти никаде не си задоцнила. И да се појавеше за десет години, пак би стигнала во право време. Ретките ги наоѓаат ретките… Кога-тогаш.“

„Беше луда и единствена. Непоправлива и безобразно рамнодушна. Посебна. Стравот го криеше зад насмевката, слабоста зад гордоста. Беше некоја која не знаеше да остане на едно место. И не остана, никогаш. А ја сакав. И таа мене ме сакаше. И сите го знаеја тоа, освен ние двајца.“

„Таа, случајно, се омажи на 18 мај 1980. Да се омажеше за мене, веројатно, како вистински маж, понекогаш и ќе го заборавев тој датум. Вака, го запаметив засекогаш.“

„Велат дека сите девојки личат една на друга кога чашата се празни до дното… Па добро, можеби една на друга, ама никогаш на неа…“

„Требаше само да најдам некоја која нема да ме потсетува на неа. Погледнав околу себе и се случи чудо. Ниту една не ме потсетуваше на неа како што ме потсети срцето во тој изгубен момент на потрага. Сите глумеа принцези и светици. Веројатно секоја од нив би барала да се однесувам попристојно. Сите тие би барале да ги чувам како капка вода на дланката, да не правам шеги на нивна сметка, би барале да ги водам на некои фини места и слично. А таа? Таа го прифати секој дел од мене и никогаш не бараше да се променам, а ме промени. Единствената на која ѝ реков што навистина чувствувам. Не бараше да ја чувам како капка вода на дланката, фактот што ја сакав ѝ беше сосема доволен…“

„Од накит имаше само очи.“

„Таа понекогаш толку убаво се смее. Пет минути во нејзино друштво ми е како да сум добил на лото. Одам по улица како да сум народен херој и за момент се издигнувам над сите згради и во цел свет нема поголемо и посилно суштество од мене. И затоа оние три не ме интересираат. Не би ме интересирале ни да беа триста. Кога ја сакам таа една…“
„И нека небото не ми го земе тоа за зло, ама ти си единственото нешто на кое му се молам…“

„Таа беше орхидеја баш таму каде што тоа е реткост. Да беше некаде каде што врие од орхидеи, сигурно би била некој друг цвет.“

„Само што беше заспала и не сакав да ја будам. Само ја бакнав, посакувајќи ѝ да го сонува сето она кое дојдов да ѝ го кажам.“

„Тешко е кога живееш за денот за кој не знаеш кога ќе дојде, за денот кога пак ќе ја видиш. Тешко е, кога си сам и ти недостига гласот, лицето, допирот, насмевката, кога ти недостига битието која е твоја подобра половина. Тешко е пријатели. Ви посакувам никогаш да не го искусите тоа, затоа што тој бол пријатели, не е за луѓе…“

„Само… бедно е пријателството кое останува како ситен кусур од крупните љубовни банкноти…“