Категории

Луѓето кои повеќе плачат се ментално посилни

Плачењето е знак за психичка стабилност и цврстина

Зошто некои личности плачат дури и на реклами, а некои не пуштаат ни солза дури ни кога ќе изгубат блиска личност?
Неодамнешните истражувања покажаа дека не само што плачењето е здраво, туку е клучно за менталното здравје и стабилност. Плачењето е добро за менталното здравје.
Задржувањето на емоциите и солзите може да доведе до трајни психолошки последици. Со плачењето ги отпуштаме сите грижи и лоши мисли, како и стресни случувања.
Еве од кои причини би требало да плачете кога чувствувате дека имате потреба за тоа:

Плачењето го намалува стресот
Плачењето е катарзично. Пред 30 години, биохемичар открил дека емоционалните солзи содржат повеќе протеин отколку другите. Експерименталниот психолог Алекс Готз рекол:
„Солзите имаат своја цел. Тие кои призлегуваат од емоциите, содржат хормони и стрес, па на некој начин се ослободуваме од него“

Плачењето создава ментална отпорност
Плачењето е изразување на емоции и соочување со истите. Игнорирањето на емоциите може да доведе до анксиозност или депресија. Луѓето кои не плачат често се свртуваат кон алкохол, дрога или други компулзивни однесувања кои не се здрави.

Плачењето помага да се соочите и исцелите
Професорот Роџер Бекер од факултетот Bournemouth верува дека плачењето прави да доживееме трансформација на болката и на тој начин ја процесуираме траумата. Солзите дозволуваат да ја изразиме психочката болка во физички облик. Солзите всушност го поттикнуваат опоравувањето.