Се верува дека црвениот паричник носи прилив на пари, но според верувањата во никој случај не треба да се чува ова во паричникот!
Не мора секогаш да го носите вашиот паричник со себе, но постојат правила за кои се верува дека привлекуваат многу пари!
Паричникот може да го оставите во спалната соба или на работното биро. Важно е да имате паричник што само вие го користите и често го отворате.
Никогаш не треба да носите неплатени или платени сметки во вашиот паричник, бидејќи тие секогаш привлекуваат енергија за плаќање на долгови.
Ако банкнотите не се убаво наредени, тогаш има неред и блокада во вашиот паричник и во енергијата на вашите финансии, како и во вашиот дом. Нередот во вашиот паричник го покажува вашето непочитување кон парите.