Според верувањето на Фенг Шуи, постојат едноставни ритуали што ќе помогнат парите едноставно да се „лепат“ за вас
Колку и да се водиме од мислата дека парите не носат среќа, мора да признаеме дека во нашиот секојдневен живот, тие играат многу голема улога. Според филозофијата на Фенг Шуи, да имате пари, мора да ги сакате, затоа што исто како што ни енергијата не оди кај секој, така и парите не одат кај оној што ги презира.
Ако сте подготвени да се збогатите, испробајте ги овие едноставни ритуали:
Изберете ја вистинската боја
Виолетовата, црвената и зелената боја ја потикнуваат енергијата на благосостојбата во просторот за живеење. Еден од начините да се постигне ова е да ставите стаклен сад (сместен во југоисточниот дел на станот) и во него да ставите некој полускапоцен камен во овие бои – виолетов аметист, црвен карнеол или зелен жад.
Друга алтернатива е да го обоите тој агол на просторијата во една од овие бои, или осветлете го со ламба, исто така, во тие бои.
Златна рипка, според ова верување, навистина исполнува желба
Набавете аквариум со 8 риби. Според Фенг Шуи, комбинација од осум златни или портокалови риби и една во црна има моќ да привлече богатство. Бројот 8 е, според кинеското верување, број што претставува благосостојба.
Пари на пари се лепат
Оваа изрека важи во овој случај. Доколку во југоисточниот дел од станот ставите сад со ситни пари, па дури и лажни парички ќе ги засилите позитивните вибрации и тоа ќе помогне при привлекување пари.