Категории

Рецепт на денот: Нискокалорични палачинки

Рецепт за здрави палачинки, со многу малку калории, после кој нема да жалите што сте паднале на искушение…

Сè што ви е потребно е …

  • 1/4 чаша овесни снегулки
  • 1/4 чаша грчки јогурт
  • 1 банана
  • 2 белки од јајца
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 чаша боровинки

 

Подготовка:

Додадете ги сите состојки, освен боровинките, во блендерот. Добро изблендирајте ги и испечете палачинки од таа смеса. Можете да ги намачкате со малку мед и да ги послужите со свежи боровинки.

Прегледи:
509
Објавено на:
28.11.2019