Нутриционистката открива кои витамини тогаш му се најпотребни на телото
Оние денови во месецот не се баш многу пријатни. Надуеност, умор, чувствителност на градите, грчеви, промена на расположението – се само некои од симптомите на менструалниот циклус со кој се соочуваат жените секој месец додека ги извршуваат секојдневните работни обврски како ништо да не се случува.
На на тие симптоми исто така многу влијае и начинот на исхрана кој може да ги олесни менструалните тегоби но исто така може и да ги вклоши. Нутриционистката Кристен Ставридис за британскиот Glamour открива што треба да јадете во текот на оние денови во месецот со цел да ги чувствувате многу подобро.
„За време на траењето на месечниот циклус, телото губи крв па потребна ви е храна богата со железо. Веганките и вегетаријанките во тие денови треба да земаат суплементи кои содржат железо. Важно е да се зголеми внесувањето на витаминот Ц кој ја олеснува апсорбцијата на железо во крвта“, советува нутриционистката.
Некои намирници богати со железо се црвеното месо, зелениот листовиден зеленчук, млекото, додека витаминот Ц можете да го добиете од намирниците како црвени и зелени пиперки, ананас, јагоди, чили пиперки, брокула, карфиол, манго.
Сладоледот, чоколадата и чипсот за жал не се на листата.
Менструалните тегоби во првите три дена ќе ги олеснат лесните вежби како јога, додека интензивните тренинзи би било добро да ги прескокнете.