Категории

Дали сте психички силна личност – Овие особини го откриваат тоа

Како се опоравуваме од поминувањето низ тешки времиња, критики и конфликти – Еве кои се клучните уверенија на ментално силните личности со кои тие го воспоставуваат својот мир

Ејми Морин е психотерапевт и лиценциран социјален работник, а благодарејќи на својата професија, запознала бројни луѓе кои успеале да се изборат со предизвиците.

Во книгата „13 нешта кои ментално силните личности не ги прават“ Ејми го објаснува концептот на менталната сила и стратегија за избегнување негативно однесување: самосожалување, завист на туѓиот успех и предолго задржување на минатото.
Еве го краткото резиме кое го создаде самата Ејми.

1.Менталната сила не се одгледува во строго однесување
Ако сте ментално силни, не треба да се однесувате како робот нити да имате строга надворешност. Важно е само да се однесувате во склад со своите вредности.

2.Поради менталната сила не треба да ги игнорирате своите емоции
Зголемувањето на менталната сила не бара да ги потиснувате чувствата. Напротив, треба да развиете длабоко свест за нив а со тоа да разберете како тие влијаат на вашите мисли и однесување.

3.Ментално силните личности не мораат да се потпираат само на себеси
Менталната сила не значи да разгласите како вам никогаш не ви е потребна ничија помош нити заштита. Напротив, признавањето дека не ги знаете сите одговори, барањето помош кога ви е потребна и признавањето дека ви е потребна сила и други луѓе покажува желба да станете уште посилни.

4.Ако сте ментално силни, тоа не значи дека секогаш размислувате позитивно
Набљудувањето на околината во претерано позитивно светло може да биде исто толку штетно како и размислувањето претерано негативно. Менталната сила се одликува со реалистичност и рационално размислување.

5.Развојот на менталната сила не е инспириран од потрагата по среќата
Менталната сила ќе ви помогне да бидете задоволни во животот, но то ане значи дека треба да се будите секој ден со идеата да станете среќни по секоја цена. Остварувањето на полниот потенцијал, тоа е она кон кое треба да тежнеете.

Прегледи:
621
Објавено на:
04.12.2019