Категории

Уште колку долго ќе го чекаш оној кој те завлекува?

Кога ќе сфатиш дека твојот живот не се состои од денови кои се вечно обврзани да бидат одземани од некоја личност

Ќе ти речат денес, утре, наредната недела, а всушност во себе мислат никогаш. Но човек со добра душа верува, мисли дека сите луѓе се онакви какви што се претставуваат. Дури кога многупати ќе те повредат ќе забележиш дека всушност и не се такви какви што си мислел и дека не се како и нивните зборови.
Уште колку долго мислиш да ги чекаш оние кои вечно те завлекуваат?
Почитувај се себеси, така најбрзо и најлесно ќе научиш дека другите со своето покажување докажуваат колку всушност им значиш во животот. Со тоа што постојано одложуваат, значи дека не се доволно спремни или можеби нема никогаш да бидат спремни. Луѓето можат некое време да го сокриваат својот карактер но со тек на време ќе мораат да донесат некои одлуки, ќе покажат за кого им е навистински грижа. Не им го поклонувај своето срце на оној на кого ќе му служи само како трофеј за докажување пред другите.

Исфрли ги од својот живот оние луѓе кои секогаш имаат слатки зборови но нивното однесување зборува нешто друго. Сакаш ли постојано да се разочаруваш? Еднаш кога ќе ги отвориш очите ќе сфатиш колку голема била разликата помеѓу луѓето и секој мал знак на внимание не мора да означува љубов туку може и да биде само сретство за купување.

Кога човекот е сакан тој тоа го чувствува, нему не му требаат туѓите зборови како осигурување. Без оглед на тоа што посакуваме во животот, треба добро да ги отвориме очите пред сите кои влегуваат во нашите живот затоа што секогаш ќе постојат такви кои не се она во кое се претставуваат.
Избери ги оние вистинските кои стојат позади своите зборови и дела и се истите личности што и да се случува.

Прегледи:
378
Објавено на:
10.12.2019