Тешко на оној кому родителите му се замериле. Родителскиот благослов е најголемо наследство кое децата можат да го добијат. Особено мајчинскиот благослов – тоа е најважно!
„Човекот ја сака својата мајка и незнаејќи и немислејќи бидејќи тоа е така природно како и да живееш: и дури во часот на последното збогување тој забележува колку е длабок коренот на таа љубов. Со неа не може да се спореди никаква друга љубов, бидејќи останатите се јавуваат подоцна, додека оваа е од раѓање.
Сите останати ни ги носи случајноста во животот, а оваа живее од првиот ден во нашата крв. Освен тоа, ние не ја губиме само мајката, со неа исчезнува и половина од нашето детство, бидејќи во нашиот досегашен живот таа заземала толкаво место колку и ние самите.“
Оваа приказна е најдобро да се започне со цитат од авторот Ги де Мопасана кој, како што гледате, само во неколку реченици успеал да ја објасни љубовта кон својата мајка. Во продолжение ви пренесуваме некои прекрасни изреки за љубовта кон мајката кои се поучни за сите нас.
1. Мајка – тоа беше банка во која ги остававме сите наши болки и грижи. – Томас Де Вит Талмад
2. Вашата мајка е повредна и позначајна отколку сите овоземски богатства. – Вајолет Џејмс
3. Побарајте ја вашата мајка. Кажете и дека ја сакате. Запомнете, вие сте личноста која го слушнала чукањето на нејзиното срце уште кога не сте биле на овој свет. – Рејчел Волчин
4. Мајчиното срце е длабока гордост на чие дно секогаш ќе најдете простување. – Оноре де Балзак
5. Мојата мајка е песна која никогаш нема да успеам да ја напишам, иако сѐ што пишувам е песна посветена на мојата мајка. – Шерон Дабиаго
6. Малото девојче го запрашале каде е нејзиниот дом. „Таму каде што е мојата мајка“, одговорила. – Кит Л. Брукс
7. Оној кој ќе остане без мајка ја изгубил чистата душа која секогаш го благословувала и чувала. – Халил Џубран
8. Мајчината љубов е гориво кое му овозможува на човечкото суштвество да го направи она што е невозможно. – Марион Ц. Гарети.