Сосема е можно да се ужива во здрави слатки. Пробајте го овој вкусен колач и никогаш повеќе нема да сакате да купувате слатки.
Чизкејкот стана највкусен десерт без кое не може да помине ниту една прослава, а овој крие вкусно изненадување – тиква!
Состојки:
Кора:
- 50 гр путер
- 300 гр мелени бисквити по желба
Фил:
- 500 гр крем сирење
- 400 гр пире од тиква
- 3 лажици брашно
- 1 лажица сируп од агава
- 1 лажица ванила
- 1 лажичка цимет
- ½ лажичка морско оревче
- 4 јајца
Подготовка:
Ставете ги издробените бисквити и путерот во тркалезна тава и рамномерно распоредете ги. Печете ја кората 5 минути на 180 ° C за да се стегне. Направете полнење од останатите состојки. Изматете го полнењето со миксер и ставете го преку кората. Печете ја целата смеса 1 ч на 180 ° С. Можете по избор да премачкате со павлака и дополнително да печете околу 7 минути на иста температура.