Приказната во рекламата го раскажува пријателството помеѓу Ејва и змејот Едгар, кој не може да го контролира своето испуштање оган и поради тоа пали сѐ околу себе: елки, топи снешковци… Поради тоа, тој се повлекува во домот за да не прави неред каде и да се појави. Но, Ејва како вистинска пријателка смислува како да му помогне.
Зад оваа реклама стои британскиот синџир „Џон Луис“, а откако ќе погледнете каков подарок смислува Ејва за змејот, ќе сфатите зошто многумина ја сметаат за најдобра божиќна реклама за оваа година.