Категории

Погледнете го новиот спот на групата Ван Гог „Емотивно миниран“

По успешната промоција на најновиот студиски албум и истоимената книга со наслов „Море без обала“, и по жешкото лето и есенската турнеја, групата „Ван Гог“ годината ја завршува со четвртото видео од овој албум, изработено за песната „Емотивно миниран“, песна која изминатите месеци е на врвот на домашните и регионални топ листи.


Направен е по несекојдневно сценарио за денешно време а по угледот на каубојските филмови за Дивиот Запад, пред се со динамиката, звучните ефекти и автентичните костуми од тоа време. Приказна во која главниот лик Валканиот Шериф (Ѓуле) не е во состојба да се справи со немирните духови на
љубовта во сопствената душа, му дозволува на поразот да го совлада и својот љубовен неуспех го претвора во одмазда и потрагата по Дивата Река (Бојана Ординачев). Потератата во која му помагаат членовите на неговата банда Студениот шанкер (Србо), Фаталниот Рич (Цвика) и Злобниот Шериф (Стика), започнува со немилосрден грабеж во возот.

„ПРИЗНАВАМ, СЕ ЗАБАВУВАВМЕ НА СЕТОТ КАКО ДЕЦА, УЖИВАВМЕ ВО УЛОГИТЕ ШТО НИ БЕА ДОДЕЛЕНИ. БЕВМЕ КАУБОИ, А СÈ БЕШЕ КАКО ВО БОЈА. ИДЕЈАТА БЕШЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ КЛИШЕТО, ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ВРЕМЕНСКИТЕ РАМКИ, ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ МОМЕНТ ОД СЛИКАТА НА СЕГАШНОСТА И ДА СЕ ПРЕПУШТИМЕ НА МАГИЈАТА НА ПАТУВАЊЕТО“, раскажува Ѓуле за тоа како се снашол во улогата на Валканиот шериф.

Иако овој пат се испробаа во улогата на вистински западни каубоји, на помош на момците од Ван Гог им пристигна и актерката Бојана Ординачев, а која во спотот е издадена потерница. За нејзината улога како Дива Река, Бојана вели:


“НИКОГАШ ПОРАНО НЕ САКАВ ДА СЕ ПОЈАВАМ ВО ВИДЕО СПОТОВИ, СÈ ДОДЕКА ЃУЛЕ НЕ МИ ЈА КАЖА СВОЈАТА ИДЕЈА. МУЗИКАТА, РАСКАЖУВАЊЕТО ПРИКАЗНИ, КАКО И САМИОТ КРЕАТИВЕН ПРОЦЕС, БЕШЕ ВИСТИНСКА АВАНТУРА СО МОЈАТА ОМИЛЕНА ГРУПА ОД ДЕТСТВОТО. ДОСЕГА ИГРАВ ПРИНЦЕЗИ И ОСТАНАТИ НЕЖНА И КРЕВКИ СУШТЕСТВА, НО НАЈДОБРАТА ДЕФИНИЦИЈА ЗА МОЈОТ КАРАКТЕР И ТЕМПЕРАМЕНТ Е ТОКМУ МОЕТО ИМЕ ВО ВИДЕОТО, А ИМЕТО МИ Е WILD RIVER! ”

Покрај главните актери, во видеото се појавуваат и Јована Петровиќ во улогата на Дива река од детството и Андреј Кантриќ во улога на шериф од детството. Видеото е снимено во текот на ноември на местото на една необична западна атракција – во градот Ел Пасо, Златибор.


По објавувањето на новиот спот, групата Ван Гог ја продолжува турнејата со настапи на 28 декември во Тиват, 31 декември во Тузла и 1 јануари во Златибор.

Прегледи:
442
Објавено на:
19.12.2019