Категории

Победете ја несоницата со помош на овие вечерни активности

Ви гарантираме дека ќе заспиете како бебе!

Се обидувате да ја победите несоницата и конечно да се наспиете убаво, но ништо не ви помага? Недостатокот на сон влијае на нашето здравје, затоа е потребно да се пронајде одговарачко сретство кое ќе ви помогне на крајот од денот лесно да потонете во сон. Ние ви откриваме неколку активности кои ќе ви помогнат полесно да заспиете.

Трчање
Кога сте под стрес или се чувствувате преплавени со негативни емоции, лесното трчање може да ви помогне да го исчистите умот и потполно да се опуштите. Можете да трчате само 20 минути. Тоа ќе биде доволно за да ве умори но не и да ве исцрпи.

Шетање
Ако трчањето не е за вас, можеби би требало да размислите за вечерна прошетка, веднаш после вечерата. Срцето нема да ви работи со иста брзина како кога трчате, но вашата крв ќе циркулира и побрзо ќе ја свари вечерата.

Јога
Одредени врсти на јога можат да бидат доста опуштачки. Секако, можете да одите на часови на јога, а исто така можете да пронајдете на интернет неколку туторијали за јога пози за почетници. Запалете миризливи свеќи и вие сте подготвени.

Прегледи:
404
Објавено на:
24.12.2019