Во желба да се откријат мотивите на злоставувачите, како и нивните размислувања и чувства, грчкиот ветеринар Димитрис Дукас понудил стручно објаснување каков е психолошкиот профил на личностите кои систематично злоставуваат животни.
„Однесувањето во кое личноста повредува животни, без разлика дали се работи за деца или возрасни луѓе, е клинички симптом на одредено ментално пореметување. Во детството и адолесценцијата, психијатрите тоа го карактеризираат како пореметување во однесувањето, додека кај возрасните се набљудува како главен показател на антисоцијално пореметување на личноста, вели Дукас.
Антисоцијалното пореметување на личноста е релативно нов поим, прв пат воведен во 1980. година, а ги заменил поимите психопатија и социопатија. Главните карактеристики на антисоцијалното однесување се хронична и крајна рамнодушност кон потребите, чувствата и правата на другите, додека кај некои индивидуи се покажува и недостиг на емпатија, неспособност да се прилагодат на етичките и општествените правила, како и импулсивно и агресивно однесување, кое честопати води до проблеми со законот. На крај, кај нив е карактеристично и отсуство на каење и вина.
Доктор Дукас коиј воочува јасна поврзаност помеѓу злоставувањето на животните и менталното здравје, подобро ги објаснил карактеристиките на луѓето кои вршат насилство над животните…
„Возрасните злоставувачи на животни се најчесто мажи, а во најголем број случаи се работи за необразовани личности кои имаат мали финансиски приходи. Тие покажуваат агресија кон животните и не се свесни за своите дела“, објаснува.