Категории

Во гробот нема џебови. Што си собрал во душата, со тоа ќе легнеш

1. Љубовта не е чувство, таа е доблест. Таа е количина на доброто кое го правиме, без обзир што добиваме. Кога тоа го правиш туку така. На бабата во автобусот и отстапуваш место. Не треба да чувствуваш нешто за неа, треба да делуваш, да работиш.

2. Направи некому нешто добро, без корист, но секој ден. Постојано биди во плус, во позитива. Ќе видиш како ќе ти оживее срцето! Може ќе живееш потполно различно.

3. Постави си себеси едно прашање: „Зошто живеам?“. Само тоа, навистина запрашај се. Мислам дека доколку никому не е добро што сум живеел денес, денот ми поминал залудно.

4. Треба сите ние, а пред сѐ јас, да научиме себеси да си кажеме „не“.

5. Лесно е да се каже – тешко е да се направи. Тешко. Но, ако се трудите многу и сфатите дека едноставно нема друг начин на живот, тогаш ќе успеете.

6. Не му простиш на оној кој те навредил – е исто како да се лутиш на некој предмет на кој си се удрил. Ти си крив, но толку те боли што го удираш или фрлаш тој предмет на под. Па што? Само може раката да ти помодри или предметот да отскокне од подот и да те удри по чело. Навредата е пеколна состојба: никаде не дава мир.

7. Животот понекогаш ни задава удари, но тие удари се лековити.

8. Научете да губите и не жалете поради тоа.

9. По мое мислење, светецот се разликува од грешникот по тоа што научил да сака.

10. Ако сме направиле 9100 чекори од Бога и еден чекор кон Бога, тогаш се движиме.

11. Без љубов човекот умира жив – жив леш. Оди, ја работи својата работа, ја извршува својата должност, но се гуши.

12. Со право велат: во гроб нема џебови. Она што си го собрал во душата со тоа ќе легнеш! Човечкиот живот е како воздух. Човекот има почеток и нема крај! Сфаќате? Колку е тоа интересно!

Прегледи:
761
Објавено на:
27.12.2019