Категории

7 начини како да го користите циметот во вашиот дом

Кажете им збогум на мравките, чудните мириси и дупките на џемперите!

Се сеќавате на стапчињата цимет кои што стојат веднаш до морското оревче на полицата со зачини? Не, тие не се погодни само за вкусно зготвено вино. Еве седум интересни начини како да користите цимет што дефинитивно уште не ги знаете!

 

Зачинете ја кујната

Пред посета на пријатели, сварете во тенџере портокал, четири стапчиња цимет и полн грст брусница и гответе на тивок оган 15 минути.

 

Смирува каснувањата од комарци

Во сооднос 1:1, измешајте цимет во прав и мед. Нанесете ја пастата директно на каснатото место за да ја смирите иритираната кожа и чешањето.

 

Избркајте ги молците

Направете торбичка и ставете неколку стапчиња цимет, лаванда и рузмарин. Ставете ја во фиока или закачете ја во плакарот. Џемперите повеќе нема да бидат вкусна закуска за молците!

 

Пријатна арома

Нанесете еластична лента околу свеќата и ставете стапчиња цимет под неа. Топлиот восок ќе го загрее циметот, давајќи му на целиот простор пријатен мирис.

 

Ослободете се од мравките

Факт: Мравките мразат цимет и одбиваат да бидат во близина на овој миризлив зачин. Наместо да користите хемиски спрејови со јаки мириси, посипете малку цимет на сите агли и отвори што мислите дека мравките може да ги најдат во вашиот дом.

 

Отстранува силен и непријатен мирис

Гулашот што го зготвивте синоќа беше супер, но што ако денес целата куќа сеуште има мирис на печен кромид. Нема проблем: Посипете малку цимет во прав во сад за печење и печете го на 120°C еден час.

 

Направете освежувач за воздух

Пред да започнете да го чистите станот, протресете две лажици цимет во прав на подот. Вакумската кеса на вашата правосмукалка ќе се загрее и ќе замириса целиот простор. Внимание: Осигурете се дека нема цимет на влакната од правосмукалката пред да започнете да го чистите снежно-белиот тепих (или која било друга сјајна површина).

Прегледи:
600
Ознаки:
·
Објавено на:
13.01.2020