Категории

Кристијан Ниневски го фати крстот на централната манифестација за Водици во Скопје

26-годишниот Кристијан Ниневски е најсреќниот учесник на Водици во Скопје кој го извади крстот од водите на Вардар. Светиот крст  беше за кратко време изваден од водите на реката на Вардар. 

Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Ппосакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова чувство. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок – кажа Кристијан.

Прегледи:
631
Објавено на:
19.01.2020