Категории

Собери ја твојата неодлучна љубов, и замини си!

Но, беше лекција – болна но важна. Беше тука за да сфатам дека вредам многу повеќе од твоето двоумење, за да увидам дека никогаш не требаше да дозволам да бидам избор на кој никако не можеш да се одлучиш.

Те молам, немој да доаѓаш со твоето внимателно, сомничаво срце и да ми поставуваш прашања за да видиш дали ќе ги поминам твоите тестови, кои се всушност невозможни за да се поминат.
Повеќе не сум заинтересирана за твојата недореченост и твоето несигурно „можеби“. Се откажав од инфантилната надеж дека нешто ќе се случи „еден ден..“, затоа што после сите овие години, сеуште не се случило.

Те молам, немој да ми кажеш дека мораш „уште малку да размислиш за тоа“.
Завршив со чекањето. Завршив со фокусирањето на нашиот потенцијал. Уморна сум и фрустрирана.

Но те молам, кажи ми зошто постојано доаѓаше со рацете половина полни со ветувања и половина полни со презир?
Зошто го изговараше моето име на начин како да ти значам повеќе од тоа што сум?
Моите нереални очекувања го предизвикаа моето страдање. Свесна сум за моето рането, скршено и измачено срце преполно со љубов, крива сум што се задржав толку долго со тебе.

Но, беше лекција – болна но важна.
Беше тука за да сфатам дека вредам многу повеќе од твоето двоумење, за да увидам дека никогаш не требаше да дозволам да бидам избор на кој никако не можеш да се одлучиш. Ако мораш да размислуваш дали ќе ме земеш во обзир, макар како опција, заштеди си време  и слободно замини.

Нема да те прогонувам нити да те молам да се вратиш. Нема да го губам своето време обидувајќи се да те уверам во она што веќе го знаеш длабоко во себе.
Секогаш се плашев премногу да те пуштам, иако знам дека оваа незаборавна љубов нема да избледи. Можеби никогаш нема да можам да ја пополнам оваа празнина, но уште поголема празнина би доживеала останувајќи покрај оваа љубов која повеќе изгледа како војна.

Прегледи:
430
Објавено на:
25.01.2020