Категории

Писмо од мажот кој се кае: „Требаше да ја изберам неа..“

Останувајќи во нејзиниот живот, поминав пет години нанесувајќи и психичка болка на една добра жена.

Сакав да бидам со неа. Навистина сакав да ја изберам неа. Беше неверојатна жена, паметна, смешна, сензуална и секси. Од нејзиниот хумор целото мое тело се тресеше од смеа, а нејзината егзотична убавина во миг можеше да ми го помати паметот.

Моето среќно место беше утрото кога се будев со неа во мојата прегратка. Ја сакав диво.
За жал, како што им се случува на многу млади парови, нашето незнаење како да се сака добро создаде стресни предизвици во нашата врска.
Прекрасните утра се претворија во напнати и незрели ситуации во секојдневниот заеднички живот. И тогаш почнав да се прашувам себеси дали таму некаде постои некоја жена која ќе биде полесно да се сака, и која ќе ме сака мене подобро.

Како што поминуваа месеците, тие мисли постојано ме опседнуваа, се помалку ја избирав неа. Секој ден, во текот на тие години, се помалку и посветував внимание.
Останав покрај неа, но се откажав, и двајцата патевме.

Да ја изберев неа значење секој ден да бев посветен на нештата кои таа ми ги пружеше, нејзината смеа, сензуалност, разиграност, пријателство и многу повеќе.
За жал, често ми беше тешко и речиси невозможно да уживам – или воопшто да го забележам сето она кое беше толку прекрасно во врска со неа.

А таа се бореше силно за да ја изберам неа. Не можете да натерате некого да ве избере, дури и кога ве сака.
Сега сфаќам зошто била лута, и зошто се чувствувала несигурно. Почувствувала дека сум престанал да ја сакам, во моите зборови, дела, секојдневно се плашела дека ќе ја напуштам.
И ја напуштив.
Како редок и нежен цвет кој гордо го донесов дома а потоа престанав да го наводнувам, премногу пати го оставив сам да венее во врелината на нашиот интимен однос.

Затоа, избрирајте го вашиот партнер, секој ден повторно и повторно. И кога е тешко, секогаш пронајдете причина. Но ако вашата врска е полна со стрес, тогаш оставете го да замине. Направете место во вашиот живот да влезе некој друг кој би можел да ве избере секој ден.
Затоа што личностите кои ги сакаме заслужваат кај нив да го изберете она најдоброто. Секој ден.

Прегледи:
644
Објавено на:
25.01.2020