Креативен начин како да ги претворите обичните тегли во блескави украси за Денот на вљубените.. или било кој друг ден
Материјал:
-Празни тегли
-Лепило за декупаж
-Четки за лепило
-Светки во разни бои
Како да ги направите:
Чекор 1
Со помош на лепилото нацртајте форми на теглата.
Во овој случај, на едната тегла нацртавме срце, на втората лента а третата ја обложивме цела со златни светки.
Чекор 2
Сипајте ги светките во теглата.
Сипајте малку светки во теглата за да го прекриете делот кој сте го намачкале со лепило. Потоа свртете ја теглата наопаку и истресете го вишокот светки на лист хартија.
Чекор 3
Сипајте светки во друга боја.
Ако користите повеќе бои, нанесете прво една боја и оставете лепакот да се исуши комплетно пред да го започнете процесот во друга боја. На тој начин боите нема да се мешаат.
Чекор 4
Заштитете ги нанесените светки.
Откако ќе го завршите дизајнот и лепилото добро ќе се исуши, нанесете густ слој лепило преку целата внатрешност на теглата и оставете да се исуши барем 24 часа. На тој начин светките ќе бидат заштитени од отпаѓање.
Чекор 5
Наполнете ја теглата со омилените слатки
Наполнете ја теглата со чоколадца или слатки за Денот на вљубените. Препорачуваме да ставате само слатки кои се целосно обложени.