Категории

4 начини за привлекување на посакуваните настани и луѓе: Емоциите одредуваат каков живот ќе имате

Различните емоции ја дефинираат вашата личност привлекувајќи ги вистинските луѓе и ситуации.

Во желбата за нешто, често не сфаќаме дека тајната на привлекувањето лежи во магнетизмот на нашето срце. Емоциите што ги негуваме во себе привлекуваат луѓе и настани што се во склад со нив. Ваша задача е да ја откриете моќта што ви е дадена.

 

Емоциите делуваат на овие 4 начина во процесот на привлекување:

 

  1. Луѓето и настаните што сте ги привлекле во вашиот живот, всушност ве рефлектираат вас и вашата личност во форма на огледало. Огледалото нема секогаш да ги рефлектира истите луѓе и настани, туку оние што се привлечени од магнетизмот на вашето срце.

 

  1. Привлекувате сличности и секој пат кога ќе видите некоја заедничка особина, се пронаоѓате и самите себеси. И секој пат кога ќе сфатите дека поради тоа ја сакате другата личност, се сакате и себеси малку повеќе.

 

  1. Се чувствувате привлечени од спротивното. Секој пат кога ќе забележите разлика во однос на другата личност, чувствувате каде и самите се наоѓате. И секој пат можете да одлучите во која насока сакате да продолжите и со тоа ќе добиете уште поголема моќ.

 

  1. Она што не го сакате, го привлекувате толку силно затоа што поттикнува бурни чувства и претстави. Тие се содржина на вашиот магнет кој што привлекува други луѓе.
Прегледи:
578
Ознаки:
· ·
Објавено на:
29.01.2020