Мислиш дека ти недостига тој? Мислиш дека ти недостига начинот на кој те држел во летните месеци, или начинот на кој се смееше покрај него и во зимските месеци? Или како те нарекуваше по име? Ова е вистината, тебе ти недостига љубов.
Тебе не ти недостига неговата рака. Тебе ти недостига рака која ќе те погали. Тебе не ти недостигаат неговите усни, туку ти недостигаат усни кои ќе те бакнат. Тебе не ти недостига начинот на кој те тешеше кога беше ранлива, тебе ти недостига некој да биде покрај тебе. Ти недостига љубов која никогаш нема да те напушти.
Тебе ти недостига доверба.
Ти недостига некој кому ќе му ги довериш сите свои тајни и желби, а тој ќе те слуша и ужива. Ти недостига некој на кој ќе можеш да сметаш кога ќе имаш потреба. А не некој кој побегнал кога било најтешко.
Но, те замолувам немој да ја помешаш твојата осаменост и празнината во срцето со потребата од него.
Ти повеќе не го ни познаваш. Можеби никогаш и не си го познавала. Ти повеќе не знаеш која му е најдрага кошула. Не го знаеш неговиот избор на пијалаци, омилениот бенд, а сигурно не знаеш кому му се насмевнува по долгиот ден на работа. Повеќе не го познаваш мажот во кој си била вљубена.
Оваа празника која сега ја чувствуваш не е поради отсуството на некој кого си го сакала. Тоа е само отсуство на љубов. Потребата за нечија блискост. За некој на кого можеш да му ги раскажеш и најдлабоките стравови, а тој некој ќе те заштити, смири и ќе биде тука покрај тебе. Всушност тебе ти недостига некој кого ќе го сакаш.
Копнееш за потребата од некој и некому да бидеш потребна. Копнееш да бидеш обожавана. И нема ништо лошо во тоа. Само не ја мешај таа празнина, бидејќи него веќе го нема. Тебе ти недостига љубов. Не тој. Ти веќе не знаеш кој е тој ни каде е, но многу добро знаеш што е љубов. Тоа е љубов која ќе трае засекогаш. Не мажот кој те напуштил пред година-две.