Категории

Мит или вистина: Мажите сакаат ранливи жени?!

Не ви е потребна потврда однадвор за да поверувате дека сте вредна за сакање. Нема да бидете во очајна трка да пронајдете маж да ве сака, ако пред се научите да се сакате самата себеси.

Но откако ќе го сторите тоа и откако ќе пронајдете маж без кој можете, но не сакате да живеете, во тој миг ќе бидете и заљубена и независна.

Вие сте дама, запомнете!

Сепак самодовербата не смее да ве вивне во небото и колку и да се чувствувате храбра и способна се да сторите сама, понекогаш прикажете се пред него како ранлива дама.

Тој е очаен да ја добие потврдата дека е посилниот пол, дека ви е потребен за да ви помогне да ја промените гумата на автомобилот или за да ве заштити од кучињата скитници. Тој сака да се грижи за вас и да го има чувството на мала надмоќ за вистински да ја одигра својата улога на маж во врската.

Дозволете му на момчето да ве грабне за рака и да ве води низ улицата полна со народ! Ќе се почувствува дека има контрола и тоа ќе го приближи кон вас. Мажите се генетски предодредени да ја превземаат одговорностa и да ве заштитуваат, па дадете им го тоа задоволство.

Како да го постигнете ова?

Наредниот пат кога ќе ве нарече „убава“, наместо да црвенеете и за сметка на лошата фризура да велите дека не го заслужувате тоа и дека можете и подобро, само кажете му „благодарам“.

Предадете го понекогаш кормилото на организирање на вашиот социјален живот, па препуштете му нему да организира каде и кога ќе се одвива состанокот.

Престанете да ја криете својата ранливост. Отворено кажете му како се чувствувате, дека сакате да врескате од љубов кон него или пак, ако ситуацијата е во спротивната крајност, дека повеќе не можете да се преправате дека се е во ред кога не е.

Предадете го кормилото

Победете ја вашата природа да ги контролирате другите луѓе во вашиот живот. Животот не е куклена претстава во која вие ги влечете конците, едноставно препуштете се и понекогаш само безгрижно седнете на совозачкото седиште.

Кога ќе сфатите дека вашата откриена емотивна страна е вистински подарок за вашиот партнер, тогаш врската инстантно ќе ја одведете на едно ново и подобро ниво.

Со овој пристап ќе му дадете дозвола и тој конечно да се отвори за своите чувства.

Прегледи:
533
Објавено на:
31.01.2020